Манекенката позната по последната врска со српскиот репрезентативец Адем Љаиќ, Софија Милошевиќ, која според пишувањата на медиумите, му била љубовница на Душко Тошиќ, наводно решила да ја искористи порно аферата на Јелена Карлеуша и од пејачката да го украде Тошиќ.
Манекенката наводно го преколнува фудбалерот на кинескиот Гванжу да се разведе. Имено, Софија константно е на телефон со Душко и го уверува дека мора да се разведе од пејачката, бидејќи смета дека ако тој го продолжи бракот со неа, ќе му се уништи кариерата.
Софија е луда по Душко, а откако во јавноста испливаа порно фотографиите на Јелена, таа го преколнува Тошиќ да се разведе. Му зборува дека ќе ја заврши кариерата, ако продолжи бракот со неа, бидејќи психички ќе пропадне – вели извор близок на манекенката.
Софија планира да оди кај Душко во Кина за лично да го убеди да ја остави Јелена.
Таа во него гледа добра прилика и сигурна е дека тој е човекот на нејзиниот живот. Затоа во аферата на жена му гледа можност да го врзе Душко за себе, така што ќе му биде рамо за плачење – заклучува изворот.
Душко и Софија се запознале кон крај на минатата година, а откако заедно биле на забава, Карлеуша дознала дека сопругот ја изневерува. Таа сепак решила да му прости, а Душко на Софија и го платил патот и хотелот во Њујорк како страстите меѓу него и Јелена би се смириле.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.