Англискиот гигант Манчестер Јунајтед сака да го продолжи договорот со шпанскиот играч за врска, Хуан Мата. На барање на менаџерот Оле Гунар Солскјер, раководството подготвило нов договор до 2021 година. Шпанецот веќе пет сезони игра на „Олд Трафорд“ и најави дека би сакал да остане меѓу „црвените ѓаволи“.
Барселона е заинтересирана да го врати Хуан Мата во Шпанија, но се чини дека Манчестер Јунајтед тоа нема да го дозволи и навреме ќе го обезбеди потписот на одличниот Шпанец и за наредните две сезони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.