Италијанскиот шампион Јувентус денеска го објави списокот со играчи за групната фаза од Лигата на шампионите, а двете големи имиња кои нема да добијат шанса во првата фаза од најелитното европско натпреварување се Марио Манџукиќ и Емре Џан.
Иако имаше голем број на шпекулации за заминување на повеќе играчи на Јуве, особено за Хрватот, зделките не се реализираа. За преголемиот состав, цената ја платија Манџукиќ и Џан, кои ќе мора шансата да ја бараат во домашните натпреварувања.
Место на списокот нема ниту за Џорџо Кјелини, кој денеска ги оперираше лигаментите на десното колено и го чека пауза од минимум шест месеци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.