Селекторот на Италија, Роберто Манчини ги сподели своите очекувања за натпреварот од третото коло на Европското првенство, што „аѕурите“ го играат против Велс.
Италијанскиот селектор најави дека ќе бара од неговите фудбалери да одиграат максимално концентрирано со цел да го обезбедат првото место во групата.
Велс е тежок противник. Овој тим е високо рангиран на листата на ФИФА со години и има квалитетни фудбалери. Велс е типичен британски тим, физички силен. Плус Велшаните веќе освоија четири бода. Ќе се обидеме да победиме, ова е нашата задача за натпреварот – изјави Манчини.
Натпреварот Италија – Велс ќе се одигра денес во Рим со почеток во 18 часот.
Италијанците ја предводат групата А со максимални шест бода од два натпревара, додека Велшаните се на второто место со четири бода. Во другиот меч од групата играат Швајцарија и Турција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.