Роберто Манчини како архитект на италијанскиот тим кој успеа да направи голем успех на Европското првенство доби огромни пофалби и искрени честитките од цела спортска јавност на Апенините, започнувајќи од самите фудбалери и поранешните фудбалски легенди, но и од медиумите кои како ретко кога поддржуваа една национална селекција.
Манчини успеа да се закити со златниот медал од континенталниот собир пред точно седум дена на „Вембли“, а по повод одбележувањето на една седмица од втората европска титула за „аѕурите“, националниот селектор реши да испрати емотивна порака, потенцирајќи ја најважната сила на тимот.
– Пред седум дена во ова време, стартувавме голем предизвик, финалето против Англија. Сите знаеме како заврши натпреварот, но многумина не знаат што се случуваше зад сцената.
– Пред неколку дена, многу од вас можеа да ги гледаат епизодите од „сонот на аѕурите“, филмот кој го пренесуваше „Раи“. Како што можевте да претпоставите, голем дел од силата не беше само во талентот, туку во хуманоста, забавата и самодовербата.
– Извонредна група, момци кои се способни да се смеат и да уживаат дури и во тензични моменти како што се пеналите. Докажавме дека можеме да бидеме професионалци без да заборавиме дека сме човечки суштества. За оваа прва авантура која заврши на најдобар можен начин, не можам да кажам ништо друго освен едно огромно благодарам до сите: До фановите, до играчите, до стручниот штаб, до пријателите. Форца Италија, – порача Манчини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.