Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Роберто Манчини, ја критикуваше одлуката на британската влада да не дозволи присуство на навивачите од Италија и на Шпанија на стадионот Вембли, поради ширењето на делта варијантата на корона вирусот.
Реакцијата на Манчини, доаѓа откако Велика Британија забрани влез во земјата за навивачи од трите земји кои се дел од полуфиналето покрај Англија (Италија, Данска и Шпанија).
Ова не е чесно, требаше половина од Вембли да биде со наши навивачи, другата со навивачи од Шпанија – изјави Манчини.
Дуелот меѓу Шпанија и Италија на Вембли се игра вечерва со почеток од 21 часот.
Претходно, слична реакција стигна и од Данска, која игра против Англија утре.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.