Англискиот фудбалски шампион, Манчестер сити, е подготвен да му понуди на напаѓачот на Тотенхем и на англиската фудбалска репрезентација, Хари Кејн долгорочен договор.

Според новинарот Николо Шира, „граѓаните“ сакаат да потпишат петгодишен договор со 27-годишниот фудбалер, со плата од 16 милиони евра по сезона.

Претходно се појавија информации дека Тотенхем бара 160 милиони евра за трансфер на својот најдобар фудбалер, додека Сити е подготвен да понуди само 117 милиони.

Кејн минатата сезона одигра 49 натпревари за Спарс, постигнувајќи 33 гола. Неговиот договор со Тотенхем трае до летото 2024 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.