Манчестер Сити е пред реализација на рекордниот трансфер на капитенот на Астон Вила и англискиот репрезентативец, Џек Грилиш.
За тој трансфер тимот од Манчестер планира да плати околу 100 милиони фунти (околу 117 милиони евра) со што Грилиш би станалнајскап трансфер во aнглиската историја.
Сепак, за да ангажира Грилиш, ќе мора да продава фудбалери за да го испочитува финансискиот фер-плеј.
Според медиумите на Островот, прва „жртва“ на трансферот на Грилиш ќе биде Бернардо Силва, кој би требало да замине, а Сити чека понуда за неговите услуги.
Договорот на Силва со „граѓаните“ истекува во 2025 година, па Сити за неговата слобода бара најмалку 50 милиони фунти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.