Фудбалерите на Манчестер Сити ја одбранија титулата во Премиер лигата откако попладнево убедливо со 1-4 славеа на гостувањето кај Брајтон со што ја задржаа предноста од еден бод пред Ливерпул. Шампионот беше неизвесен се до последното коло, па „црвените“ можеа да дојдат до титулата со кикс на Сити.

Сепак такво нешто не дозволија избраниците на Гвардиола, па екипата на Јирген Клоп останува без трофеј во Англија откако е формирана Премиер лигата, иако во еден дел од сезоната имаше предност од 7 бода.

И додека Ливерпул 29-та сезона по ред останува без шампионска титула за граѓаните ова е 6-ти историски трофеј од кои 5 во новиот милениум.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.