Манчестер Сити синоќа претрпе минимален пораз од 1-0 во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите против Тотенхем. „Граѓаните“ настапија со изменет состав, па во стартниот тим не се најдоа ниту Сане, ниту Бернардо Силва ниту Кевин де Бруин.
По неискористениот пенал на Агуеро, мечот го реши Кореецот, Хеунг-мин Сон кој стрелаше на 10-тина минути пред крајот на натпреварот.
Интересен е фактот што еден играч на Манчестер Сити се чини дека е вистински малер за нив. Имено, Сити оваа сезона во сите конкуренции има загубено само шест пати, а дури на пет од натпреварите од првата минута играл Фабијан Делф.
29-годишниот фудбалер со тоа го доби епитетот „малер“ на клубот. Англичанецот оваа сезона од првата минута за Сити има настапено десет пати, а на дури пет натпревар „граѓаните“ забележале пораз. Тој вчера по еден груб старт над Кејн го повреди англискиот напаѓач, па еден од навивачите на Тотенхем истрча на теренот и сакаше да се пресмета со него.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.