Англискиот фудбалски прволигаш Манчестер јунајтед го именуваше денеска Ралф Рангник за привремено решение на тренерското место до крајот на сезоната.

Германскиот стратег доаѓа на „Олд трафорд“ на местото на Норвежанецот Оле Гунар Солскјер, кому му беше врачен отказ на 21 октомври по првенствениот пораз од Ватфорд.

– Возбуден сум што му се приклучувам на Јунајтед и фокусиран сум на тоа ова да биде успешна сезона, изјави Рангник, кој за да седне на клупата на Манчестер јунајтед мораше да ја напушти должноста директор за спорт и развој во рускиот прволигаш Локомотив Москва



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.