Манчестер јунајтед синоќа го победи Кристал Палас во натпреварот од 28. коло на англиското фудбалско првенство на гостински терен со 1-3. За „црвените ѓаволи“ ова беше осма победа по ред на гостински терен во сите натпреварувања што е нов клупски рекорд.

Извонредната серија на Јунајтед доаѓа под водство на Оле Гунар Солскјер кој дојде во тимот во декември, откако Мурињо доби отказ.

Норвежанецот во Премиер лигата го предводеше Манчестер на 11 натпревари и не изгуби ниту еднаш (9 победи и 2 нерешени).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.