Иако им недостасуваа неколку првотимци, фудбалерите на Манчестер Јунајтед синоќа успеаја да ја анулираат негативата од два гола од првиот меч во осминафиналето во Лигата на шампионите и го поразија ПСЖ со 1-3 во Париз.
Менаџерот Оле Гунар Солскјаер не можеше да смета на 10 играчи, а јунак на „црвените ѓаволи“ беше Маркус Рашворд која беше прецизен од белата точка во 94 минута благодарение на една ВАР одлука.
Лукаку рано го отвори резултатот по една лоша интервенција на Буфон, а Бернат ја анулираше предноста на гостите уште во 12. минута. Белгиецот сепак за 15-тина минути го врати Јунајтед во предност, па на полувреме резултатот беше 1-2.
Во последните моменти од мечот по ударот на Дало, топката го погоди Кимпемпе во рака и судијата Скомина по прегледувањето на снимката покажа на белата точка по што Рашворд успеја да погоди и да го однесе англискиот тим во четвртфиналето на Лигата на шампионите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.