Манлестер јунајтед му врачи отказ на норвешкиот тренер Оле Гунар Солскјер. Одлуката на раководството на „црвените ѓаволи“ доаѓа еден ден по високиот пораз на на Манчестер на гостувањето против Ватфорд со 4:1.

Одлуката за предвремено раскинување на соработката со Солскјер беше објавена по претпладневниот итен состанок на клупското раководство.

Како што е соопштено, тимот привремено ќе го води тандемот Дарен Флечер и Мајкл Карик, а британските медиуми наведуваат дека најголема желба на раководството е долгорочно решение за клупата да биде поранешниот тренер на Реал Мадрид, Французинот Зинедин Зидан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.