Манчестер Јунајтед и Виљареал се на добар пат да бидат во финалето на Лигата на Европа откако вечерва изброрија победи над Рома и Арсенал.
Манчестер јунајтед веќе може да почне да размислува на финалето од Лига Европа откако со 6-2 ја совлада Рома која водеше по првото полувреме на Олд Трафорд.
Манчестер јунајтед поведе уште во деветата минута со гол на Бруно Фернандеш, но следуваа погодоци на Пелегрини и Џеко за комплетен пресврт и водство на Рома од 2-1. Со тој резултат беше завршено првото полувреме.
Во вториот дел се случи тотален пад на италијанскиот клуб кој го најави Кавани со гол по само три минути игра во вториот дел кога израмни на 2-2.
Во 64. минута Кавани постигна нов гол и го врати водството на Манчестер јунајтед, до крајот постигнаа голови Бруно Фернандеш од пенал, Погба и Гринвуд за конечни 6-2.
Би било вистинско чудо ако Манчестер јунајтед го прокоцка овој фантастичен резултат на Олимпико во Рим.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.