Зоран Мамиќ, брат на контроверзната алфа и омега во хрватскиот фудбал Здравко порача дека правно ќе се бори против одлуката да лежи затвор, но дека ќе ја почитува судската пресуда и сака што побргу да заврши зад решетки и да ја отслужи казната за потоа да може нормално да живее.
Мамиќ ќе мора да одлежи четири години и осум месеци после пресудата за злосторничко здружување со цел криминал со трансфери и затајување на данок во процесот во кој неговиот брат доби шест ипол години затвор, но веќе три години е во бегство во БиХ. Мамиќ поради правосилноста на пресудата за која одлучи врховниот суд неделава, даде отказ два дена пред епскиот меч на Динамо, а „модрите“ завчера со 3-0 го елиминираа лондонски Тотнем.
„Не сум виновен, ама ја почитувам одлуката на судот и ќе го направам тоа што морам. Следува правна борба, ќе гидиме какви ќе бидат следните одлуки, но како ќе одлучат – така ќе биде! Со семејството ќе го анализираме одењето во затвор, ќе видиме дали има простор за одложување зашто имам дете од една година, но подготвен сум да го решам проблемот што побрзо. Ќе имам 50 години, така да сакам да го завршам што побрзо ова за потоа – нормално да живеам“, рече Мамиќ.
Зоран беше спортски директор на клубот, а потоа тренер откако летоска Ненад Бјелица си замина од клубот, а сезонава „модрите“ играат неверојатно и веќе ја имаат најуспешната европска сезона после пола век со пласманот во четвртфиналето во Лига Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.