Легендата на Милан, Паоло Малдини почнувајќи од летово ќе има позначајна улога во операциите на трансфер пазарот, а како што е добро познато, негов прв соработник ќе биде Звонимир Бобан.
Тој попладнево се врати во родната Италија од состанок во Мадрид, кадешто изминативе неколку дена имаше неколку средби со првите луѓе на Реал. Наводно Малдини се распрашувал за Дани Себалјос, Мартин Одегард и Борха Мајорал.
Патувањето беше навистина добро. Секогаш сакаме да му донесеме добри вести на Џампаоло, навистина сме големи оптимисти од сработеното во изминативе неколку дена и пред се, за новиот Милан, изјавил Малдини при пристигнувањето во Милано за „Скај Спорт Италија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.