Француските и франкофонските медиуми повторно се огласија по убедливата победа на македонската фудбалска селекција во рамките на квалификациите за светското првенство, јави дописникот на МИА.

Веднаш зад Германија, Македонија се избори за можноста за учество во плеј-офот со доминација против Ерменија со 5:0. Со еден бод заостанување, Романија, која „заглави“ на 0-0 со Исланд, сè уште може да се надева бидејќи во недела ќе се соочи со скромниот Лихтенштајн, додека Македонија ќе биде домаќин на Исланд – регионалнит весник „Журнал де Сона и Лоара“.

Спортскиот дневен лист „Л’Екип“, насловува „СП 2022: Русија врши притисок врз Хрватска, Македонија се надева на разигрување, откако ја нокаутира Ерменија“.

Во групата на Германија, која е веќе квалификувана и осигурена за првото место, Македонија ја елиминира Ерменија од трката за второто место, победувајќи со 5-0. Единствен противник сега за ова квалификациско место за плеј-офот е Романија – пишува „Л’Екип“.

„Скор.фр“, забележува дека на неколку натпревари имало многу голови, а првиот беше Македонија која доби голема победа во Ерменија со резултат 5 спрема 0.

На крајот од мечот кој Македонците го контролираа од почеток до крај, победата беше повеќе од логична. Тоа им овозможува да се искачат на второто место во групата, зад Германија, веќе квалификувана. Со ова место во плеј-офот, Македонија може да се надева на пласман на следното Светско првенство, што би било достигнување со оглед на тоа што никогаш не се пласирале во финале на СП – пишува „Скор.фр“.

„Скор.фр“ се осврнува и на последниот натпревар на македонската селекција.

Со големата победа од 5:0 вчера против Ерменија, на Македонците им треба само победа за да обезбедат пласман на следното Светско првенство. Македонија ги постигнува најдобрите квалификации во својата историја со многу офанзивен стил на игра (20 гола во 9 натпревари), а забележано е дури и постигнување на историски резултати како победата од 2:1 против Германија во третото коло. Нивниот противник Исланд, повеќе не може да се квалификува и нема да учествува на следното Светско првенство. Разочарување за екипа на која веќе не учествуваше на последното ЕВРО. Селекцијата што се бори што ја пропушти својата шанса вчера против Романија (0:0) и затоа нема надеж за пласман. Македонија ќе сака да победи на домашен терен за да го слави со своите навивачи поддржувачи пласманот – пишува „Скор.фр“.

За „Африкафутјунајтед“, авторот на хет-трикот против Ерменија, Енис Барди и дозволи на Македонија да дојде до предност над Ерменија со 5:0 во деветтото коло од квалификациите за Светското првенство во Катар 2022. Како што истакнува медиумот, на тој начин Македонија си понуди сериозна опција во трката за второ место во групата Ј.

По разочарувањето 0:4 на домашен терен против Германија, Македонија им се врати на успесите – пишува „Африкафутјунајтед“.

„Скор.фр“ пишува дека првиот настап во баражот е блиску за Македонија против селекцијата на Исланд која е во потешкотии.

Македонија е нашиот фаворит за овој натпревар – велат од медиумот, од каде прогнозираат победа од 2:1 за македонските фудбалери.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.