Македонската репрезентација до 17 години одигра нерешено 0:0 против соодветната селекција на Србија на првиот пријателски натпревар меѓу двете селекции одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во комплексот на ФФМ во Скопје.
Во меч без многу возбудувања, најдобрата шанса нашите играчи предводени од селекторот Драган Канатларовски ја имаа во првото полувреме преку Ерион Шуку. Нашиот голман Стефан Тасев спречки водечки гол на ривалот во првите 45 минути.
Во второто полувреме, со многу замени на двете страни се одвојуваат новите две шанси за гостинските фудбалери, но среќата беше на страна на нашите млади фудбалери. Вториот контролен меч меѓу селекциите на Македонија и Србија ќе го одиграат в четврток од 11.00 часот на истиот терен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.