Македонскиот репрезентативец, Стефан Ристовски потврди дека е позитивен на Ковид 19.

Ристовски на социјалните мрежи објави дека тој и неговото семејство се позитивни на Ковид и порачува дека се чувствува добро.

Фудбалерот на Спортинг Лисабон играше на вчерашниот натпревар против Ерменија, но засега нема информации дали други наши репрезентативци се позитивни на коронавирус.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.