Македонскиот фудбалски интернационалец Музафер Ејупи, е приведен во полиција, откако учествувал во тепачка во центарот на Копривница, пренесува порталот „Подравски“.
Како што наведува овој медиум, Ејупи со уште еден негов другар на возраст од 32 години, истепале 52-годишен жител на Копривница кој завршил во болница со тешки телесни повреди.
„На 25. септември во 19:40 часот на улицата „Антун Немчиќ“ во Копривница, дошло до физичка пресметка меѓу три машки лица на возраст од 52, 32 и 31 година. 53-годишното лице се здобило со тешки телесни повреди, а другите двајца со лесни повреди. Две лица се приведени и се истражува случајот“, се наведува во полицискиот извештај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.