Македонскиот фудбалер Ристе Митрески кој настапува за кипарскиот Еносис Неон Паралимни ќе стане хрватски зет. Тој на 27 декември ќе се ожени со ќерката на хрватскиот тренер а сега селектор на репрезентација Азербејџан, Никола Јурчевиќ, Лана.
Како што пишува хрватски „Јутарњи.хр“, неговата идна сопруга, 25 годишната убавица Лана е бремена, а со Митрески се сретнале додека тој играл за хрватскиот прволигаш Истра 1961.
Инаку, Ристо Митрески кој има 28 години порано беше члена на младата фудбалска репрезентација на Македонија а има настапувано за Работнички, Победа, Металург, Тетекс, како и за Сараево, српскиот Доњи Срем и израелскиот Хапоел Хаифа. Неговиот иден дедо Никола Јурчевиќ претходно на два пати беше тренер на загрепски Динамо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.