Македонскиот фудбалер, Влатко Дробаров, кој игра за екипата на Черно Море, е сериозен кандидат да заигра за бугарската репрезентација.
Според бугарскиот портал „Спортал.бг“, селекторот на Бугарија, Јасен Петров размислува да го повика Дробаров во репрезентацијата.
Дробаров, кој поседува бугарски пасош, има играно во сите младински репрезентации на Македонија, но нема настап за сениорската селекција.
Овој 28-годишен дефанзивен фудбалер во Македонија играше за Скопје, Тетекс, Напредок и Беласица, а има и интернационална кариера во далечни замји. Го носеше дресот на Мурсиелагос од Мексико, Оход од Саудиска Аарабија, Керала Бластерс од Индија. Во Европа има играно за Банатс од Ерменија и Арис Лимасол од Кипар.
Наскоро бугарскиот селектор ќе го соопшти списокот за квалификациските мечеви за СП и тогаш ќе се знае дали Дробаров ќе добие шанса да дебитира за бугарскиот национален тим.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.