Двете убедливи победи на македонската фудбалска репрезентација, против Ерменија на гости со 5:0 и против Исланд во Скопје со 3:1 ќе ѝ донесат голем скок на светската ранг-листа на ФИФА.
Овие две победи и освоените шест бода, ја однесоа нашата најдобра селекција на второто место во квалификациската група, со што обезбеди и учество во баражот за пласман на Светското првенство во Катар.
Според пресметките, Македонија ќе има 1.367,23 поени, па од сегашната 74. позиција, ќе се скокнеме на 67. место во светот.
Официјалната ранг-листа на ФИФА за ноември ќе се знае на 25 ноември, односно еден ден пред извлекувањето на противникот за полуфиналето од баражот за Мундијалот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.