Македонската фудбалска репрезентација попладнево забележа победа со 2:1 на гостувањето кај Фарски Острови во дуел од квалификациите за Европското првенство за играчи до 21 година.
Капитенот Милан Ристовски во 16. минута и Кристијан Ацковски во 80. минута ги постигнаа головите за „црвено-жолтите“, додека Петур Кнудсен погоди за домашната селекција во 84. минута.
По шест одиграни натпревари, Македонија е на второто место на табелата во шестата група со 10 бодови.
Лидер е Шпанија со 16 бода, исто така од шест меча. Израел е трет со осум бода од пет натпревари. Црна Гора и Казахстан имаат по седум бода, последни се Фарски Острови со само три бода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.