Денеска во 18 часот македонската фудбалска репрезентација ќе игра против репрезентација на Холандија која со две победи во групата Ц се пласираше во осминафиналето на Европското првенство.
Не можеме само да ги поминеме. Мора да играме добро за да победиме, и тие ќе ја сфатат оваа игра исклучително сериозно“, изјави селекторот на холандската фудбалска репрезентација, Франк де Бур.
Селекторот Игор Ангеловски рече дека е задоволен од играта во второто полувреме против Украина и дека се надева дека неговиот тим ќе игра така во Амстердам.
Во второто полувреме, ние бевме вистинска Македонија. Така ќе играме против Холандија“, изјави тој.
Вчера, капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев објави крај на репрезентативната кариера по натпреварот со Холандија. 37 годишниот Пандев одигра 121 натпревар за македонската репрезентација. Тој веќе еднаш се прости од играњето за репрезентацијата, но ја смени одлуката откако Игор Ангеловски дојде на селекторската позиција во 2015 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.