Македонската фудбалска репрезентација 2018 година ќе ја заврши на 68. место на ранг-листата на ФИФА, напредок од осум места во однос на почетокот на годината. Светската фудбалска федерација ја објави последната ранг-листа во 2018 година на која Македонија има 1.343 бода.
Во однос на почетокот на годината Македонија забележа на ФИФА-листата.
Годината на првото место ја завршува Белгија со 1.733 бода, еден повеќе од Франција, а потоа следуваат Бразил, Хрватска, Англија, Уругвај, Португалија, Швајцарија, Шпанија, Данска…
Кога станува збор за репрезентациите против кои Македонија ќе игра во квалификациите за ЕВРО 2020, најдобар рејтинг има Полска (20. место), а подобро рангирани од црвено-жолтите се уште Австрија (22.) и Словенија (62.).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.