Почна последниот натпревар од мундијалските квалификации на кој со победа македонсакта фудбалска репрезентација првпат во својата историја ќе обезбеди место во баражот за пласман на Светското првенство 2022 во Катар.

Македонија го пречекува Исланд на Националната арена „Тодор Проески“ каде „црвено-жолтите“ имаат поддршка од трибините од околу 16.000 гледачи, колку што изнесува половичната исполнетост на капацитетот согласно Ковид-протоколите.

Предмалку натпреварот го отвори Алиоски и Македонија засега е во водство!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.