Македонската футсал репрезентација составена од играчи до 19 години, загуби од соодветната селекција на Црна Гора со 2:0.
Натпреварот беше прв за „црвено-жолтите“ на квалификацискиот турнир во Гибралтар за пласман во Елитната фаза квалификации за Европско првенство.
Стрелци на погодоците за беа Тафиќ во 24. минута и Љешковиќ во 35. минута.
Нашите футсалци на овој дуел имаа 24 обиди, девет од нив завршија во рамките на голот, додека противникот имаше двојно повеќе обиди.
Утре македонскиот национален тим ќе игра со домаќинот на турнирот, селекцијата на Гибралтар кој во првиот натпревар загуби од Црна Гора со 6:3.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.