Македонската фудбалска репрезентација пристигна во Вадуц каде в петок ќе игра против Лихтенштајн квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар во 2022 година.
Во составот на селекторот Благоја Милевски, под чие водство националниот тим има ефект од три нерешени натпревари во квалификациите, поради повреда го нема Енис Барди, а ново име е дебитантот Ердал Ракип од шведскиот шампион Малме.
Натпреварот се игра в петок со почеток во 20:45 часот на националниот стадион „Рејнпарк“, а главен судија ќе биде Полјакот Бартош Франковски.
Октомврискиот циклус од мундијалските квалификации македонските фудбалери ќе го заокружат со дуелот во Скопје против лидерот во групата Германија на 11 октомври.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.