Хуман гест на хрватскиот репрезентативец Марсело Брозовиќ. Македонката Стаменка Менче Трповска и се потребни 3000 евра за операција, а веста беше проширена на социјалните мрежи.

На иницијативата за помош се приклучи еден балкански фан клуб на италијански Интер, кој ја сподели објавата и побара од фановите помош за Македонката. Хрватскиот фудбалски ас, инаку член на Интер ја чита веста и веднаш префрла пари за да се заврши процедурата.

Едноставно ги остави сите без зборови и го покажа своето големо срце.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.