Македонската фудбалска репрезентација го заврши Европското првенство на 23. место од 24 селекции.
Нашата, заедно со селекцијата на Турција се единствените две репрезентации кои настапот на ЕУРО 2020 го завршија без ниту еден освоен бод. Во таква ситуација, Македонија се пласира пред Турците поради подобрата гол-разлика.
Ние го завршивме настапот со два постигнати и осум примени голови, додека Турците исто така примија осум голови, но постигнаа само еден.
Во меѓувреме, со комплетирањето на групната фаза се формираа двојките за осминафиналето. Осминафиналните натпревари ќе почнат в сабота, по што во следните четири дена ќе се играат по два натпревара.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.