Македонската фудбалска репрезентација по првите 45 минути има водство од 2-1 против Косово во полуфиналниот бараж за пласман на Еуро2020.
И покрај таквиот старт Македонија постигна гол од првиот обид. Несторовски го бараше Пандев на работ од шестнаесетникот, тој ја пропушти за Адеми кој без размислување му додаде на самиот Ристовски кој пак упати кајно лош удар. За среќа, топката се одби од Коколи и заврши во гостинската мрежа за водство на „Рисовите“.
Во 29. минута катастрофална грешка а голманот Димитриевски и дефазивецот Велковски на работ од шестнаесетикот кои не се разбраа убаво, чекаа многу кој да расчисти, на крај Велковски проба и не успеа. Топката дојде до Хадерѓонај кој со прецизен лоб удар го израмни резултатот.
Велковски брзо се изваде за киксот. При еден слободен удар на Барди во 33. минута, Велковски скокна највисоко во косовскиот казнен простор и со глава заби во мрежата на Муриќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.