Македонската фудбалска репрезентација со многу мака дојде до победа против Малта на стартот на квалификаците за ЕП.
Отпорот на гостите беше скршен дури на средината на второто полувреме со голот на Елиф Елмас. Претходно имавме и можност за пенал, но по ВАР прегледот се утврди дека Бојан Миоски симулирал за што доби жолт картон.
Водството на нашата репрезентација го зголеми Дарко Чурлинов, додека Малта на пет минути пред крајот намали на 2:1 преку Јаник Јанкам.
Иако во текот на мечот Македонија создаваше шанси очигледно е дека напаѓачите се во лоѓа форма и затоа добиваат слаба минутажа во своите клубови.
Нашата репрезентација ќе мора да ја подобри својата игра пред тешките мечеви со Англија, Италија и Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.