На социјалните мрежи се објави дел од албумот за претстојното Европско првенство, а таму за првпат се наоѓа и репрезентацијата на Македонија

Македонец кој живее во Швајцарија ја сподели оваа фотографија, а наскоро се очекува во нашата земја, како и во останатате европски земји, албумот да биде во продажба.

Вообичаено албумите на „Панини“ за европските и светски шампионати излегуваат овој месец, но сега поради пандемијата на корона вирусот излегувањето на албумот е пролонгирано.

Во делот каде што е македонската репрезентација, се наоѓаат играчите Столе Димитриевски, Дамјан Шишковски, Егзон Бејтулаи, Висар Муслиу, Кире Ристевски, Стефан Ристовски, Дарко Велковски, Ѓоко Зајков, Аријан Адеми, Езѓан Алиоски, Енис Барди, Елиф Елмас, Тихомир Костадинов, Бобан Николов, Стефан Спировски, Илија Несторовски, Горан Пандев, Влатко Стојановски, Александар Трајковски и Иван Тричковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.