Македонската фудбалска репрезентација ја совлада Ерменија со 2:0 попладнево во 1. коло од Ц-групата во Лигата на нации. Нашата репрезентација делуваше сигурно, смирено и без многу мака дојде до победата.
Двата гола на Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје, Македонците ги постигнаа од пенал во првото полувреме, откако во два наврата во гостинскиот шеснаесетник беше фаулиран Елиф Елмас.
Стрелец на првиот погодок беше Езџан Алиоски (5. минута), а на вториот Илија Несторовски (38. минута).
И Ерменците голот го дадоа со удар од 11 метри. Тигран Барсегјан го постигна конечниот резултат во 90+4 минута.
Во другиот натпревар од првото коло во оваа група, Естонија од 18 часот ја пречекува Грузија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.