Најдобрата македонска фудбалска репрезентација забележа напредок од три позиции на ранг листата која ја „освежи“ и објави Светската фудбалска федерација – ФИФА, а тоа секако се должи на одличните резултати изминатиов период.
Има за што да жалиме за поразот од Романија со 3-2 во квалификациите за СП 2022, меѓутоа и за што да се радуваме, можеби не толку за убедливата победа над Лихтенштајн од 5-0, туку сензационалната од 1-2 кај Германија во Дуизбург.
Со тоа Македонија е 62 фудбалска сила во светот, а во однос на нашите ривали во квалификациите за СП 2022, Германија е 12, Романија 43, Исланд 52, Ерменија 90, односно Лихтенштајн 186.
Белгија е првата фудбалска сила во светот во моментов, по неа следат Франција, Бразил, Англија и Португалија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.