Македонската фудбалска репрезентација немаше ниту напредок ниту назадување на најновата ранг-листа на ФИФА и годинава ја завршува на 68-то место.

Ранкингот на нашиот национален тим беше очекуван со оглед на фактот дека од последното рангирање до сега немаше натпревари на интернационалната сцена. Македонија има 1.347 поени, а и лани заврши на истата позиција (68).

Ова всушност е и нашиот најдобар ранкинг годинава, бидејќи дури четири месеци завршувавме на 68-та позиција. Најслабо бевме рангирани во јуни кога бевме на 73-тата позиција. Колку за потсетување нашиот најдобар ранкинг во историјата е 46-тата позиција во октомври 2008 година.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.