Македонија и Грузиуја играа 1-1 во мечот од Лигата на нации. Бодот го донесе Алиоски од пенал во судиското продолжение.
И едните и другите на овој меч играа премногу претпазливо не откривајќи ги картите.
Клучен момент беше исклучувањето на голманот Димитриевски во 67 минута откако играше со рака надвор од шеснаесетикот. На негово место влезе Шишковски а играта ја напушти Нестороски. Веднаш потоа следуваше и голот на гостите по убаво изработена акција.
И Македонија и Грузија имаа многу повредени играчи па селекторите Ангеловски и Вајс и немаа голем избор на клупата.
Но и со овој резултат нашата репрезентација останува во игра за првото место во Ц групата.
Ова беше крајно изедначен натпревар во кој двете репрезентации се чуваа за решавачкиот дуел на 12 ноември во Тбилиси за пласман на ЕП.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.