Македонија се пласираше во финалето на фудбалската Лига на нациите со победата над Косово од 2-1 во полуфиналниот плејоф дуел одигран вечерва на националната арена „Тодор Проески“. Националната селекција на тој начин дојде на чекор од историски пласман на едно големо натпреварување.
Македонија поведе со автоголот на Фидан Алити во 16-та минута, гостите изедначија преку Флорент Хадерѓонај во 29-та минута, додека Дарко Велковски го постигна решавачкиот гол четири минути подоцна.
Македонија успеа да ја сочува предноста со две клучни одбрани на голманот Столе Димитриевски во судиското надополнување на мечот.
Избраниците на Игор Ангеловски во финалето ќе гостуваат кај Грузија, која претходно беше подобра од Белорусија со 1-0. Победникот од завршниот меч кој е закажан за 12 ноември во Тбилиси, ќе избори пласман на Европското првенство в година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.