Македонската репрезентација во моментов го игра натпреварот во рамките на квалификациите за Светското првенство во Катар. Резултатот на полувреме е 0:0. Проблем за Македонија и селекторот Благоја Милевски е тоа што се повреди македонскиот репрезентативец Аријан Адеми по само 28 минути игра. Се повреди во еден дуел со германски фудбалер, се обиде да игра меѓутоа не можеше да трча и побара измена. Влезе Спировски.

Германците наметнаа темпо уште на стартот, а нашата одбрана на чело со голманот Димитриевски имаше многу работа.

Во 2. минута Кимих имаше шанса да го погоди нашиот гол. Во продолжение на мечот „панцер дивизијата“ беше поконкретна. Имаше и повеќе шанси.

Во 24. и 25. минута Столе Димитриевски имаше две добри интервенции, првата при шутот на Гнабри исфрли во корнер, а веднаш потоа од му влезе во шут на Вернер и го спаси својот гол.

Во 26. минута, конечно направивме нешто. По еден контра напад Елиф Елмас шутира но Ноер ја собира таа топка.

Во 45 минута Вернер ја погоди стативата.

Мечот е од голема важност за нашата репрезентација во обидот да дојдеме до бодови и баражот за СП 2022, а Германците дојдоа за одмазда за оној пораз од нас во Дуизбург и за билдање на бодовното салдо на првото место на табелата во квалификациската група.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.