Македонија во квалификациите за Светското првенство во фудбал ќе игра со Германија, Ромнија, Исланд, Ерменија и Лихтенштајн.
Ова ќе биде прв меч на нашата репрезентација со тимот од Германија. Светското првенство ќе се оддржи во Катар 2020 година.

Репрезентациите се поделени во 10 групи од по пет или шест селекции. Директен пласман на завршниот турнир ќе обезбедат само победниците во групите, додека десетте второпласирани репрезентации, заедно со уште две преку УЕФА Лигата на нации, ќе играат плејоф за преостанатите три места резервирани за членките на УЕФА на СП во Катар.

Европските мундијалски квалификации ќе се играат од март до декември 2021 година, додека плејофот од 23 до 29 март 2022 година.

Светското првенство во Катар ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември 2022 година во пет градови, Доха, Лусаил, Ал Кор, Ал Вакра и Ал Рајан.

А – група: Португалија, Србија, Република Ирска, Луксембург, Азербејџан

Б – група: Шпанија, Шведска, Грција, Грузија, Косово

Ц – група: Италија, Швајцарија, Северна Ирска, Бугарија, Литванија,

Д-група: Франција, Украина, Финска, Босна и Херцеговина, Казахстан

Е – група: Белгија, Велс, Чешка, Белорусија, Естонија

Ф – група: Данска, Австрија, Шкотска, Израел, Фарски Острови, Молдавија.

Г-група: Холандија, Турција, Норвешка, Црна Гора, Летонија, Гибралтар.

Х-група: Хрватска, Словачка, Русија, Словенија, Кипар, Малта.

И – група: Англија, Полска, Унгарија, Албанија, Андора, Сан Марино.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.