На 24 март фудбалската репрезентација на Македонија и гостува на Словенија во рамки на квалификациите за ЕУРО 2020. Натпреварот ќе се игра во Љубљана, на стадионот „Стожице“, а рекламни плакати веќе има низ некои градови на Словенија. Меѓу нив и во еден од најфудбалските градови во оваа земја – Марибор.
На рекламните плакати, на кои стои „Нашето срце бие за Словенија“ нашата репрезентација е најавена како фудбалска репрезентација на „Македонија“.
Но, еден Македонец, секаде каде што можел, со лепенки „Don’t you north me “ и жолта лента ја покривал „Северна“ низ рекламните паноа во Марибор. Тој, неговата работа си ја завршил. Фотографиите кои ги доби „Денешен“ се доказ за тоа.
Повеќе фото на Денешен
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.