Во првиот натпревар од 28-то коло на германското фудбалско првенство Мајнц 05 на својот терен со 5-0 (3-0) го совлада Фрајбург кого го мина на табелата. Првиот погодок за домаќините го постигна Жан-Пол Боетиус во 20 минута, а потоа следуваше хет-трик на Жан-Филип Матета кој беше стрелец во 25, 33 и 77 минута, а во меѓувреме во 73 минута меѓу стрелците се запиша и Карим Онисиво.
Мајнц сега е 12-ти на табелата со 33 бодови, еден повеќе од Фрајбург. На врвот е Борусија Дортмунд со 63 бодови, два повеќе од второпласираниот Баерн во пресрет на нивниот меѓусебен дуел во сабота во Минхен.
Покрај дербито на првентвото, во сабота се играат и натпреварите: Баер Леверкузен – РБ Лајпциг, Штутгарт – Нирнберг, Херта – Фортуна, Волфсбург – Хановер и Шалке 04 – Ајнтрахт Франкфурт. Колото во недела ќе го заокружат дуелите Аугсбург – Хофенхајм и Борусија Менхенгладбах – Вердер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.