Аргентинецот Лионел Меси разговарал со сопственикот на американскиот прволигаш Интер Мајами, Дејвид Бекам, и побарал од него да ја зголеми „колонијата“ свои поранешни соиграчи од Барселона, објави денеска шпанскиот весник „Марка“, повикувајќи се на анонимни „добро информирани извори“.

Меси во Интер ги има своите поранешни клупски колеги, Жорди Алба и Серхио Бускетс, а според „Марка“ инсистира во редовите на американскиот клуб да дојдат и Хрватот Ивица Ракитиќ и Уругваецот Давид Суарез.

Меси и Суарез соработуваа шест години во Барселона и за тоа време изградија блиски пријателски врски.

Со Ракитиќ, пак, исто така го врзуваат убави спомени, особено на сезоната 2015, кога каталонскиот клуб освои тројна круна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.