Македонската фудбалска експедиција која оствари историски успех во Тбилиси, дома треба да се врати во раните утрински часови. Поради маглата на скопскиот аеродром, најверојатно авионот нема да слета во Скопје, туку на некој од околните аеродроми, а најблизок е оној во Приштина.
За жал, поради маглата и забраната за групни собирања на јавни места, нема да има голем пречек на аеродром како што заслужуваат, но има и други начини за прослава на пласманот на Европско првенство во фудбал. За сите најнови информации околу враќањето на националниот тим, ќе ве известуваме навреме- објави СпортМанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.