Заврши сагата за иднината на Џејден Санчо. Тој ќе игра за Борусија (Дортмунд) следната сезона. Спортскиот директор на германскиот клуб, Мајкл Цорк откри дека англискиот талент потпишал нов договор до 2023 година.

– Ние планираме со Санчо. Тој ќе игра за нас следната сезона. Одлуката е конечна. Мислам дека тоа ви одговари на сите прашања, рече Цорк.

Санчо беше трансфер цел на Манчестер Јунајтед за ова лето. Сепак, двата клуба не се согласија за надоместокот за трансфер. Борусија сакаше 120 милиони евра за него, а „црвените ѓаволи“ не беа подготвени да дадат таква сума.

Сигурно најрадносна ќе беше еднанајверните навивачки на „Црвените ѓаволи“ Луси Ферандес.Таа е обожавател на Санчо и не можеше да дочека тој да дојде на „Олд Трамфрд. Дури и се сликаше со неговиот дрес.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.