Белгискиот фудбалер Ромелу Лукаку напиша трогателно писмо до навивачите на Интер по неговиот трансфер во Челзи.
Драги навивачи на Интер, ви благодарам! Ви благодарам што ме сакавте како родена личност, што направивте мене и моето семејство да се чувствуваме како дома во Милано. Ви благодарам за вашата бескрајна поддршка и љубов, што ме мотивиравте уште повеќе по првата сезона со тимот. Кога се преселив во Интер, веднаш сфатив дека можам совршено да му помогнам на тимот. Љубовта и добредојдето што го добив на аеродромот првиот ден во Милано беше почеток на прекрасна приказна.
Целта ми беше никогаш да не ве изневерам кога ќе го облечам дресот на Интер. Секогаш давав 100 проценти на секој тренинг и секој натпревар за да ве направам горди на тимот. Првата сезона заврши многу тешко, но ми дадовте сила да продолжам да напредувам, и ние напредувавме како тим. Затоа станавме шампиони. Се надевам дека ја разбирате мојата одлука да заминам во Челзи. Ова е шанса за цел живот, и, веројатно, во сегашниот момент од мојата кариера, можам да кажам дека ова е шансата за која отсекогаш сум сонувал. Засекогаш ќе останам „интерста“, бидејќи без вас немаше да станам тоа што сум – напиша Лукаку во обраќањето што го објави на Твитер на италијански и англиски јазик.
Лукаку играше за Интер од август 2019 година. Летово Челзи го купи 28-годишниот Белгиец за 115 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.