Ромелу Лукаку, кој летото се пресели од Манчестер јунајтед во Интер, истакна дека тренерот Антонио Конте го мотивирал за подобри партии во дресот на „нероазурите“. По лошиот вовед, Белгиецот нанижа 18 погодоци за „сино-црните“ од „Џузепе Меаца“ и се трансформира во еден од најдобрите напаѓачи во Серија А.

– Игравме против Славија Прага во Лигата на шампионите. Тогаш Конте пред сите во соблекувалната ми рече дека сум ѓубре и дека ќе ме повлече од игра по пет минути ако продолжам слабо. Тоа ме разбуди. Веќе наредниот меч против Милан, го имав еден од моите најдобри настапи, изјави Лукаку.

Интер моментно е втор во италијанскиот фудбалски шампионат, со четири бода помалку од лидерот Јувентус



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.