Ромелу Лукаку и Пол Погба се во конфликт, објави весникот „Сан“, а причината за ова е несогласувањата помеѓу играчите за тоа кој ќе го изведе пеналот против Саутемптон во саботата.
Белгиецот, во мечот кој Јунајтед го доби со 3-2, веќе реализираше двапати, кога на домаќинот му беше доделен пенал. Белгиецот сакаше да запише „хет-трик“, но Погба не му го отстапи пеналот бидејќи е прв изведувач. Французинот на крај промаши од белата точка.
Ситуацијата ја подигнала тензијата меѓу двајцата фудбалери, а Лукаку го потсетил клубскиот колега како го поддржувал кога Погба бил во конфликт со Мурињо. Тие наводно си размениле тешки зборови во соблекувалната што било причина Оле Гунар Солскјер да интервенира за да ја смири ситуацијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.